16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Христос се роди! Честит Божик!

Божик — денот на христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.

Божик е најрадосен христијански празник. Бидејќи на овој ден, според христијанската вера се роди Божјиот Син, Исус Христос – Спасителот на светот, Божик е празникот на раѓањето на нов живот, празник на децата и на детството, родителството и создавањето.

Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово.

Во сите храмови на Македонската православна црква се одржаа божиќни литургии.

Централното одбележување ќе биде во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Спонзорирано: