12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Најмногу снег во Маврово, најладно во Лазарополе

Најмногу снег наврна во Маврови Анови, а најладно ноќесна беше во Лазарополе, каде температурата падна до -14. Како што информираат од УХМР, снежната покривка во Маврови Анови достигна до 85 сантиметри, во Крушево – 34, 32 во Битола, 25 во Тополчани, 18 во Попова Шапка, 14 во Демир Капија, 13 во Дојран, Пожаране, 12 во Лазарополе и 11 сантиметри во Струмица.

Минимални температури има во Лазарополе – 14, -13 Маврово и во Крушево, -10 во Претор, Ѓуриште и Тополчани, -9 во Пожаране, -8 во Битола и Прилеп, -7 во Охрид, -6 во Тетово, Крива Паланка, Куманово, -5 во Скопје и Штип, -4 во Демир Капија, Струмица, Гевгелија, Дојран.