12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Жестока противничка на Трамп избрана за претседател на долниот дом на Конгресот

Демократката Ненси Пелоси вечерва беше избрана за претседатека на Долниот дом на американскиот Конгрес, што е оценето како историско враќање на политичарката којa веќе беше на оваа функција.

Ненси Пелоси (78) од Сан Франциско со овој избор стана главниот противник на републиканците и американскиот претседател, Доналд Трамп, со кого и претходно имаше несогласувања, пишува „Франс прес“.

Таа веќе беше претседателка на Претставничкиот дом од 2007 до 2010 година, а тогаш беше првата жена во американската историја на таа позиција.

Американскиот Конгрес денеска ја почна својата прва седница во новиот состав по парламентарните избори, со рекорден број на жени и претставници на малцинствата.

Конгресот почнува да работи во амбиент на несогласување со Белата куќа за буџетот и финансирањето на ѕидот на границата со Мексико, поради што од 22 декември владее делумна блокада во работата на сојузните органи.