12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Прва седница на американскиот Конгрес во нов состав

Американскиот Конгрес денеска ја почна својата прва седница во новиот состав по парламентарните избори, со рекорден број на жени и претставници на малцинствата.

Американскиот потпретседател, републиканецот Мајк Пенс, ја отвори седницата на Сенатот, додека во Претставничкиот дом тоа беше демократката Ненси Пелоси. Таа во текот на седницата треба да биде повторно избрана за претседател на долниот дом на Конгресот, каде што мнозинството го чинат демократите.

Ненси Пелоси (78) беше претседателка на Претставничкиот дом од 2007 до 2010 година, а тогаш беше првата жена во американската историја на таа позиција.

Конгресот почнува да работи во амбиент на несогласување со Белата куќа за буџетот и финансирањето на ѕидот на границата со Мексико, поради што од 22 декември владее делумна блокада во работата на сојузните органи.