22.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагичната железничка несреќа во Данска ја предизвикале пакети со пиво

Железничката несреќа во Данска во која животот го загубија шест, а повредени се 16 лица, се случила поради пакети со пиво кои испаднале од товарен воз што по пругата се движел пред патничкиот, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Официјален претставник на Датските државни железници (DSB) претходно потврди дека шест лица загинале, а несреќата се случила кога патнички воз со 131 патник кој патувал кон Копенхаген, удрил во товар што испаднал од товарен воз.

Мостот Соребелт, на кој се случила несреќата, ги поврзува островите Зиланд и Фин, а поради инцидентот е затворен.

Официјален претставник кој работи на одржување и контрола во железницата, изјавил дека патничкиот воз најпрво удрил во нешто што изгледало како церада, наведува британската агенција.

На видео снимки и фотографии објавени по несреќата се гледа товарен воз кој превезувал пакети од данскиот производител на пиво „Карлсберг“, а портпаролката на таа фирма потврди дека товарниот воз пренесувал нивно пиво.

Се вели дека удел во несреќата имале и невремето и силните ветришта.