17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снег вее низ Македонија – АМСМ излезе со информација

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата каде наместа на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.

Од 15.25ч. поради врнежи од снег и засилен северен ветер од превентивни причини се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и обратно.

Од 18.45ч поради врнежи од снег од превентивни причини се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.