17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ексклузивно објавуваме: Расчистено убиството во Кичево, приведен 47-годишен маж

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Х.Ј.(47) од гостиварското село Ќафа, дознава Centar.mk.

Според извори за Centar.mk, Х.Ј. делото го сторил на 29.12.2018 околу 17 часот во угостителскиот објект „Гурман“, лоциран на улицата.„Борис Кидрич“ во Кичево, кога со неколку убоди со нож во пределот на градите, го убил М.С.(64)- сопственик на објектот.

Х.Ј. е предаден на распит во Основното јавно обвинителство во Гостивар, а потоа ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, дознава Centar.mk.