24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автобус удри во пешак

На крстосницата на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ и улица „Борис Кидрич“ во Скопје, автобус удрил во 64-годишна жена пешак од Скопје.

Во незгодата Л.К. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.

Извршен е увид на местото на настанот.