14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Во Русија уапсен Американец за шпионажа

Припадници на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) го уапсија американскиот државјанин Пол Вилан под обвинение за шпионажа.

ФСБ наведува дека Вилан е уапсен денеска во Москва за време на шпионска операција, но не соопштија повеќе детали.

Министерството за надворешни работи на Русија, исто така, без повеќе детали, соопшти дека за апсењето на Вилан е известена американската амбасада во Москва. Од амбасадата, пак, не дале никаков коментар за јавноста.

Иако засега нема информации со што точно се занимавал Вилан, пензионираниот офицер на ФСБ, Александар Михајлов, за „РИА Новости“ рекол дека службата никогаш не излегува во јавност со соопштение за апсење ако нема цврсти докази.