16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Тоблеронe“ доби сертификат за пазарите во исламските земји, но рецептот не е променет

Фабриката во Берн која го произведува популарното чоколадо во форма на триаголник годинава доби халал-сертификат.

Се чини дека 110 години стариот рецепт за тоблероне ги исполнува сите барања за овој сертификат, без да претрпи промени, како што многумина стравуваа, пренесува Б92.

Инаку, халал значи дека целиот процес на производство е во согласност со исламските правила за прехранбени производи, односно дека производот не содржи свинско месо, маст или алкохол.

„Халал-етикетата ги информира луѓето кои поради децата, верски или други причини сакаат да знаат дека не може да консумираат одреден производ. Ова не значи дека производот или неговиот производител фаворизира одредена верска определба. Ништо не е променето во однос на рецептот или производниот процес на чоколадото“, соопштија од компанијата „Монделез“, која произведува тоблероне.

Некои десничари во Германија го изразија својот гнев поради тоа што, како што кажале, несвесно со години јаделе чоколад, кое не е тоа што мислеле дека е.

Јорг Мутен, портпаролот на германската ултрадесничарска АФД, ги предупреди своите следбеници на „Фејсбук“ дека нивното омилено триаголно чоколадо сега е халал, со саркастичен коментар дека фабриката на дело ја покажала исламизацијата на Европа.

Спонзорирано: