20.8 C
Скопје
17. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Предновогодишно поевтинување: Значителна корекција на цените на горивата?

Позначително поевтинување на бензините и дизелот се очекува во текот на денешниов ден да одлучи Регулаторната комисија.

Според анализите во последниве две недели цената на нафтата на светските берзи паднала за 5 долари по барел во однос на истиот период претходно.

За возачите во Македонија тоа значи дека предновогодишно, може да се очекува малопродажните цени на нафтените деривати да се намалат за повеќе од 3 денари за еден литар.

Одлуката на регулаторот се очекува денеска околу пладне, а новите цени ќе почнат да важат од полноќ.

Очекувајте нови вести во секој момент.