24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двегодишно дете во Италија почина по верски обред

Шеесетгодишен маж е уапсен поради вмешаност во смртта на двегодишно дете, кое починало по изведување на религиски обред на обрежување во италијанскиот град Монтеротондо, североисточно од Рим, соопштил државниот обвинител.

Човекот е обвинет за изведување обред над две машки близначиња, од кои едното умрело, додека другото е тешко повредено.

Судска медицина сега треба да ја утврди причината за смртта, рекол државниот обвинител.

Состојбата на преживеаното дете е подобрена, пренесува агенцијата „Анса“, но сепак останува на интензивна нега. Семејството на детето, со потекло од Нигерија, организирало обред во нивниот дом, кој резултирал со претерано крвавење, додава „Анса“.

Истражителите собрале податоци за време на претрес на апартманот на осомничениот маж, за кого сугерираат дека редовно изведува обрежувања. Тој се соочува со обвиненија за убиство без предумисла, телесни повреди и надримедицина.