12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Куманово

Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе и улицата 425 и крак од улицата Ѓорче Петров се случила сообраќајна незгода во која товарно моторно возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Н.Д од Куманово, удрило во 60-годишен пешак, кој исто така бил од Куманово, соопшти полицијата.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и вендаш бил пренесен во Ургентен центар во Скопје.

Увид извршила увидна екипа на СВР-Куманово, додаваат од МВР и посочуваат дека се работи на расчистување на случајот.