12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Адвокатот Toртевски се понуди бесплатно да го застапува Игор Југ, ако обвинетиот не добие амнестија

Додека тече рокот во кој обвинетите за крвавиот четврток може да поднесат до судот барање амнестијата да важи и за нив, адвокатот Александар Тортевски на својот профил на „Твитер“ се понуди бесплатно да го застапува обвинетиот Игор Југ пред судот, ако не добие амнестија. „Ако Игор Југ не добие амнестија доброволно се јавувам да го бранам про боно“, напиша Тортевски на „Твитер“.

Тортевски смета дека обвинетиот Игор Југ има повеќе право да добие амнестија од пратениците, бидејќи не ја извршил задачата што организаторите му ја доделиле. „Пратениците ги отвориле вратите со што во целост ја исполниле задачата добиена од организаторот на државниот удар“, напиша Тортевски.

Во друг твит, Тортевски напиша „Наместо доживотна робија за државен удар, сега ќе добијат доживотна пензија во висина на пратеничка плата“, алудирајќи на предлозите со кои некои од пратениците размислуваат да побараат бенефициран статус откако ќе им истече мандатот.