12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Маж почина за време на протест на „Жолтите елеци“ во Франција

Возач на автомобил почина утринава во јужниот дел на Франција.

Мажот починал во сообраќајна несреќа откако тој со своето возило удрил во камион кој стоел на патот поради блокадите од демонстранти познати како „Жолти елеци”, објавија локалните власти.

Возачот бил на возраст од 36-години, а сообрачајната несреќа се случила во близина на Перпиња, соопшти полициски извор за Ројтерс.

Демонстрантите и за денеска најавија дека ќе организираат протести ширум земјата, како и секоја друга сабота.