12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

И во 2019 секој месец по двапати државата ќе се задолжува кај домашните банки

На 15 јануари државата првпат ќе се задолжи на домашниот пазар во новата 2019 година. Во јануари следната година државата треба да се позајми за да врати приближно 32 милиони евра, рати кои доспеваат за враќање на 12, 23 и 26 јануари. Министерството за финансии го објави новиот календар на задолжувања за првиот и вториот квартал од следната година кај домашните кредитори.

Кај домашните банки и осигурителните друштва во февруари, март и април 2019 година предвидени се по 2 аукции, три во мај и една во јуни. За половина година тоа се вкупно 12 аукции. Станува збор за заеми со кои претежно ќе се враќаат стари долгови кои доспеваат за враќање.

Календар на задолжување на Министерството за финансии за првиот и вториот квартал 2019 година

На крајот од третото тримесечје, државниот долг изнесувал 40,3% од бруто домашниот производ, или 4,3 милијарди евра, а јавниот долг изнесува 48,2% од БДП.

Споредено со вториот квартал од 2018 година, во третиот квартал немало промена кај државниот долг, додека јавниот долг пораснал за 0,1 процентни поени. Последниве десет години јавниот долг на земјава значајно се зголеми, oсобено од 2008 година до денеска.