25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шестмина загинати откако товарен авион падна во Конго, можно е екипажот да бил руски

Карго-авионот Ан-26, кој се урна во Демократската Република Конго во четвртокот можеби бил управуван од руски екипаж. Рускиот амбасадор во ДР Конго, Алексеј Сентебов, во петокот изјави за ТАСС дека, според непотврдени информации, во авионот имало 23 лица, меѓу кои и тројца руски државјани – членови на екипажот.

„Шест лица загинаа во авионската несреќа на 25 милји од аеродромот ‘Н’џили“ во Киншаса’”, објави „Франс прес„ цитирајќи локални извори.

Судбината на тројца членови на екипажот на авионот е непозната.

„Активностите за потрага и спасување продолжуваат, местото на несреќата и имињата и судбината на пилотите се утврдени”, рече рускиот дипломат.

Авионот, наводно, летал назад во Киншаса откако доставил материјали за претстојните претседателски избори.