17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вануату користи дронови за достава на вакцини до недостапните острови

Бебе на мал пацифички остров е првата личност која прими вакцина, транспортирана со комерцијален дрон, објави Би-би-си. Уницеф обезбеди дрон за да испорача вакцини, до недостижните места над планините во Вануату.

Околу 20 проценти од децата во Вануату не ги примиле важните вакцини, бидејќи испораката на истите е многу тешка. Организацијата на ОН за деца се надева дека испораката со дрон во иднина ќе биде од витално значење во отсечените области.

„Денеска мал лет со дрон е голем чекор за глобалното здравје“ изјави извршниот директор на Уницеф, Хенриета Фор.

„Светот се уште се бори со имунизацијата, што е најтешко да се стигне до децата, технологијата со дрон може да биде менувач за игри за премостување на последната милја за да се стигне до секое дете“ додаде Фор.

Дроновите досега биле користени за испорката на лекови, а, како што велат од Уницеф, ова е прв пат на глобално ниво една земја да има договор со комерцијална компанија за беспилотни летала, за да добие вакцини во оддалечените области.

Беспилотното летало ги носеше вакцините во кутија со стиропор со ледени пакувања и температурен логер во оддалечено село на островот Ероманго, од заливот Дилон во западниот дел на островот до Кук Беј на исток.

Локалната медицинска сестра Миријам Нампил ја извршила вакцинацијата на 13 деца и пет бремени жени.

Спонзорирано: