15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Тевдовски за Буџетот 2019: Дефицитот намален, а платите растат

„Повисоки стапки на економски раст, подобар животен стандард на населението, владеење на правото, повисоко ниво на социјална правда и зачленување во ЕУ и НАТО“. Ова го истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски како клучни цели и приоритети на Владата, што е рефлектирано и во Предлог-буџетот за 2019 година.

Во експозе на предлог-буџетот на Пленарната седница во Собранието тој рече дека вкупните приходи на буџетот за 2019 година се планирани на ниво од 210,8 милијарди денари, а расходите се планирани на 228,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е 17,7 милијарди денари, односно 2,5 проценти од БДП, што е намалување во однос на годинава за половина милијарда денари, или за 0,2 процентни поени како процент од БДП.

Како што истакна Тевдовски намалувањето на дефицитот најдобро ја одразува определбата на Владата за постепена фискална консолидација, која ќе се постигне преку строга контрола и силна буџетска дисциплина при намалување на помалку продуктивните расходи.

„Водењето на ефикасна, домаќинска и транспарентна фискална политика, не значи само низок и опаѓачки дефицит, туку и вложување на јавните пари за подобрување на економијата и животот на граѓаните. Предлог-Буџетот за 2019. Тој предвидува праведно оданочување и мерки за стабилизација на ПИОМ, при истовремено вложување во сите клучни сектори на општеството: интензивирање на процесот на интеграција во НАТО, со значително повисок буџет за одбрана и повисоки плати за вработените; повисоки плати за лекарите специјалисти и за целиот медицински персонал; повисоки плати во образованието и градинките; целосно реформиран систем на социјална заштита со минимален гарантиран приход, социјална пензија и образовен и детски додаток; историски највисоко ниво на средства за активни мерки за вработување и за поддршка и поттикнување на инвестиции; раст на платите на сите вработени во јавната администрација; како и амбициозен но реален план на јавни вложувања во инфраструктурата“, рече министерот за финансии.

Тевдовски додаде дека за капитални инвестиции се издвојуваат 26 милијарди денари, а во 2019 година планирано е инвестирање во повеќе области.

Согласно очекувањата на Министерствто за финансии, реалниот економскиот раст во 2019 година ќе забрза на 3,2 проценти. Ова, како што оценуваат, е во согласност со најновите проекции на релевантните меѓународни и домашни институции (ММФ-2,8%, Светска банка-2,9%, НБРМ-3,5%). Проекцијата за раст на бројот на вработени во 2019 година изнесува 2,1 отсто, што ќе придонесе просечната стапка на невработеност да се намали на 20 проценти. Просечниот раст на нето-платата во 2019 година се очекува да изнесува 4,5 проценти на номинална основа. Стапката на инфлација во 2019 година Министерството очекува да биде ниска и да изнесува 2 отсто, со динамика која ќе биде главно под влијание на движењето на светските цени на примарните производи.

Спонзорирано: