20.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Торнадо погоди предградие на Сиетл, уништени се куќи и откорнати дрвја

Торнадо погоди предградие на Сиетл, во сојузната американска држава Вашингтон, во северозападниот дел на земјата, уништувајќи куќи и откорнувајќи дрвја, соопштија властите.

Торнадото погоди област јужно од градот Порт Орчард, два часот по полноќ, соопшти метеоролошката служба во Сиетл.

За среќа нема извештај за евентуални жртви нема.

„Силно врнеше дожд и пред да сфатам се леташе наоколу. Задните прозори од нашиот автомобил се распукаа…Мислев дека ќе умрам“ рекла Емили Силверман, која со сопругаот тргнала до продавница. Нејзиниот двегодишен син се наоѓал на задното седиште во автомобилот.

ТВ „Комо“ информира дека на неколку места е пријавена штета, а метеоролошката служба соопштила дека ќе испрати стручен тим поради непрегледноста за време на ноќта, кога работеле со тимовите за вонредни ситуации на проценети штети.

Порт Орчард се наоѓа на околу 24 километри западно од Сиетл.