23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Новости“: Големата тројка би можела да го решава прашањето за Косово

Барањето на српскиот претседател, Александар Вучиќ, на седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации за Косово, би можело да ги врати ОН на преговарачката маса, пишува „Новости“.

Имено, српскиот претседател побара на седницата посветена на Косово, дијалогот помеѓу Белград и Приштина да продолжи со поголема улога на ОН.

„Новости“ потсетува дека и претходно имало барање процесот да се врати под чадорот на меѓународното тело. Меѓутоа, како што додава весникот, на оваа идеја се противеше Брисел, под чија закрила веќе осум години безуспешно се води дијалогот помеѓу Белград и Приштина за нормализација на односите.

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ вели за „Новости“ дека сега можеби е најповолен моментот прашањето за Косово да се врати во посредство на ОН.

„Тоа би било лековито за процесот на дијалогот и би се појавила надеж дека можеби можеме да дојдеме до обострано прифатливо решение, кое со помош на нашите силни сојузници Русија и Кина, ќе го гарантира САД“, рече тој.

Поранешниот амбасадор, Милован Божиновиќ вели за „Новости“ дека се гледа оти ЕУ нема идеја како да го заврши дијалогот, но не сака да признае дека досегашниот пат не можел да донесе резултати.