17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не е способен да се справи со загаденоста

СДСМ е неспособен да се справи со проблемот со загадениот воздух и затоа единствениот адут им се манипулациите преку кои сакаат да ги убедат граѓаните дека благодарение на непостоечките мерки на Заев, Македонците го дишат најчистиот воздух, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Според податоците на Светската банка, само поради загадениот воздух во Македонија, на годишно ниво се регистрирани 1.350 смртни случаи. Илјадници граѓани го изгубиле работно место поради хронични и кардиоваскуларни болести, предизвикани во текот на работењето на отворено.
Власта додека мисли дека е опозиција граѓаните ќе страдаат. Се додека СДСМ бега од одговорност, Македонија ќе биде на прво место на светските листи за загаденоста на воздухот“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Опозицијата додава дека додека власта се расфрла со лаги и ги полни џебовите со народни пари, граѓаните со респираторни заболувања ги полнат клиниките како последица од енормно загадениот воздух.

Спонзорирано: