24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Судот во Бразил побара да се уапси италијанскиот левичар Батисти

Врховниот суд во Бразил во четвртокот нареди да се уапси поранешниот италијански левичарски герилец Чезаре Батисти со што би се овозможила неговата екстрадиција.

Батисти е осуден на доживотен затвор во Италија, каде што беше обвинет за четири убиства што ги извршил во седумдесеттите кога бил член на герилската група Вооружени пролетаријанци за комунизам.

Минатата година на Батисти му беше одобрена забрана за негова екстрадиција, која судијата Луиз Факс ја поништи во четвртокот велејќи дека претседателот на Бразил треба да ја донесе таа одлука.

Батисти избегал од затворот во Италија во 1981 година и живеел во Фрамција, пред конечно да избега во Бразил за да не биде екстрадиран.

Во 2010 година му се закануваше екстрадиција, но тогашниот претседател на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва, му додели азил на последниот ден од неговиот мандат таа година. Новоизбраниот претседател на Бразил, десничарот Жаир Болсонаро, кој ќе ја преземе функцијата на 1 јануари, вети дека ќе го екстрадира Батисти веднаш откако ќе стапи на функција.

Спонзорирано: