24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рудари останаа заробени во нелегален рудник за јаглен во Индија

Најмалку 13 рудари останаа заробени поради поплави во илегален рудник за јаглен на подрачје во североистичниот дел на Индија, соопшти полицијата.

На лице место излегоа десетина спасувачи кои ја испумпуваат водата што вчера го поплавила рудникот.

„Работиме сѐ што можеме да ги извлечеме. Според нашите податоци, во моментот на поплавувањето внатре имало 13 лица“, наведе полицијата.

Судот пред три години нареди затворање на рудникот за јаглен во тоа подрачје, по жалбата на еколошките активисти за сериозно загадување на водата.