12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австриската Партија на слободата бара на азилантите да им се забранат ноќни излегувања

Шефот на пратеничкиот клуб на владејачката австриска Партија на слободата (ФПО), Јохан Гуденс, бара воведување забрана за барателите на азил со која тие ќе бидат оневозможени да излегуваат од своите престојувалишта за време на ноќта.

Поради серија убиства во Инсбрук и Штајер, за кои се осомничени баратели на азил од Авганистан, Гуденус смета дека оваа мерка треба да се воведе.

Тој додаде дека барателите на азил често демнат ноќе и се собираат на места како железнички станици.

Гуденус истакна дека од бранот на бегалци во 2015 година дошло до масовно зголемување на насилството и сексуалните престапи.

„Нападите од нож се зголемија за дури 300 отсто од 2015 година“, истакна тој, посочувајќи дека тоа е официјална статистика на полицијата.

И лидерот на ФПО, вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе, го поддржа барањето на Гуденс.

„Би било разумно да се пропише барателите на азил да не излегуваат надвор по 20 часот“, рече тој.

Критиката дојде од редовите на опозицијата, од каде веруваат дека ваквиот предлог е спротивен на човековите права бидејќи луѓето се лишени од слобода на движење.