20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американска студентка убиена во Холандија

Холандската полиција потврди во петокот дека 21-годишна Американка била избодена до смрт во Ротердам.

Според соопштението на полицијата, во средата била пријавена караница во стан во Ротердам, а откако тие влегле во станот таму ја нашле Сара Папенхајм со убодни рани по телото, по што се обиделе да ја реанимираат. Но, обидите бле неуспешни, се вели во соопштението, и таа починала од повредите.

Истрагата открила дека нападот најверојатно бил извршен од цимерката на Папенхајм, која беше уапсена на железничката станица во Ајндховен. Идентитетот на осомничената засега е непознат.

Од универзитетот каде што студирала загинатата изјавија дека се шокирани од инцидентот и изразија сочувство до семејството и пријателите на девојката.