23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД успешно тестираa нова ракетна одбрана

Американската војска соопшти дека успешно го тестирала новиот систем за противракетна одбрана.

Системот е претставен како пресвртница и потврда на способноста на САД да одговорат на сите ракети од среден дострел, што би биле лансирани од земји како што е Северна Кореја, пренесува „Ројтерс“.

Системот штосе користи во најновото тестирање има вградено пресретнувачи СМ-3 IIA, кои се развиени со заедничко вложување на компанијата Rejteon и јапонската компанија „Мицубиши“, која е специјализирана за т.н. тешка индустрија.

Овие пресретнувачи исто така ќе бидат дел од системот за одбрана на Aegis во Романија и Полска.

Дел од ракетениот штит во Полска се очекува да биде оперативен во 2020 година.

Соединетите Држави почнаа ракетен штит во Романија во 2016 година, што ја налути Русија, пишуваат медиумите во САД.

Во почетокот на декември Америка постави рок од два месеца за Русија да се врати на спроведувањето на договорот за забрана на ракети со среден и краток дострел или во спротивно САД ќе го суспендираат своите обврски според овој договор.