24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел со емотивен говор: Ми беше чест да ја водам ЦДУ, време е за нови поглавја

Германската канцеларка Ангела Меркел во последниот говор како претседателка на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), на собранието на партијата, се опрости со емотивен говор во кој рече дека ѝ било чест што имала можност да биде 18 години на лидерската функција на партијата.

„Благодарна сум, ми беше голема чест. Сега е време да отвориме ново поглавје“ рекла Меркел.

По нејзиниот говор, Меркел била поздравена со десетминутен аплауз, а одделни делегати носеле транспаренти со натпис: „Ви благодариме шефице!“.

Меркел, во својот говор, се осврнала и на се посилна десница „АФД“, нагласувајќи дека тоа што ги карактеризира демохристијаните e што се разликуваат од другите.

На собранието на партијата во Хамбург присуствуваат и бројни странски гости.

Спонзорирано: