15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривични пријави против десетмина гостиварци поради шумска сеча

Полициската станица Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.И. (49), М.Х. (50), двајцата од село Лакавица, Гостиварско, Ф.А. (31), Ќ.А. (33), Ф.С. (25), З.С. (41), З.С. (31), О.А. (44), Е.А. (46) и Н.А. (53), сите од село Падалиште, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела пустошење шума и кражба на дрва, а против М.Х. и за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

„Во периодот од 2017 година до 2.11.2018 година, во атарот на местото наречено Голема Равнина, село Падалиште, Гостиварско – ШСЕ „Железна Река“, пријавените извршиле бесправна сеча на 58.92 м3 букови дрвја. Пријавените Ф.И. и М.Х. дрвната маса ја транспортирале со товарни и патнички возила, ја обработувале во дворови складирана во вреќи, а потоа со возила ја транспортирале до купувачи за цена од 40 до 45 евра за 1 м3 огревно дрво.

Организаторите на другите пријавени лица им плаќале за извршена бесправна сеча од 20 до 23 евра за 1 м3 дрвна маса. Покрај ова, М.Х. со прикажување лажни факти дека дрвната маса е легална измамил 68-годишно лице од село Падалиште. По преземените мерки од страна на полициски службеници, од оштетениот од село Падалиште била одземена нелегално купена дрвна маса и била предадена на ШСЕ Шар Гостивар, а од извршени претреси во возила, куќи и викендичка, како и од извршена контрола на возила и терен, е затекната дрвна маса 38 м3 и била предадена на чување на ШСЕ „Шар Гостивар“. На овој начин пријавените го оштетиле јавното претпријатие ШСЕ „Шар Гостивар“ со 724.500 денари“ соопшти МВР.