23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: За нелегалното и незаконско прислушување во обвинителството некој од СДСМ мора да сноси одговорност

Во Македонија во моментов нелегално и незаконски се прислушкува, oваа криминална власт не бира средства за да врши притисок и уцени за свои лични цели. Сега мета се јавните обвинители, институциите и сите граѓани во Република Македонија, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес-конференција.

„Со овој скандал од огромни размери се доведува до прашање се она што изминативе 2 години се работело во Јавното обвинителство од страна на обвинителите и во судството од страна на судиите. Очигледно е дека институциите и нивната работа се под директен надзор и контрола на Зоран Заев и Оливер Спасовски. Сега веќе е и повеќе од јасно зошто Заев однапред знае за целата работа на обвинителството и судството во Република Македонија“, изјави Арсовски.

Овој скандал на прислушкување е повеќе од сериозен и отвора многу прашања за интегритетот, независноста и правичноста на истрагите и пресудите изминативе 2 години откако СДСМ и Заев се на власт, додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во својата изјава.

„Граѓаните и јавноста повеќе не веруваат во обвинителството и Јавниот обвинител Јовевски.

Колку разговори се снимени овие две години и што се има на тие разговори ? Дали има индиции за криминали ли приватни разговори кои може да се употребат за уцена на Јавните обвинители при носење на нивните одлуки? Кој се имал контакт со овие разговори и зошто власта предводена од Заев и Спасовски две години не презел ништо во врска со скандалот на нелегално прислушкување?

Заради непристрасност кон овој огромен скандал, јавноста бара одговор, кој е надлежен за да ги преслушува овие прислушкувани разговори и да ги утврди сите потребни работи? Кој и зошто ги прислушувал јавните обвинители и нивните приватни и деловни разговори? Врз колку предмети влијаеле овие прислушувани разговори за да се завршат по нечија желба?

Исто така се уште не добивме одговор, дали се што се слуша и следи во моментов е нелегално и дали воопшто функционира системот за следење на комуникациите изминатиов период?“, изјави на прес-конференцијата Арсовски.

За овој огромен скандал, вели тој, некој од СДСМ мора да сноси одговорност уште веднаш.