24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка во Македонија – има повредени

Во 06.45 часот вчера на крстосницата од патот А3 Ѓавато-Тополчани и патот Р-106 Ѓавато-Тополчани се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот И.М. од село Шурленци, ресенско и товарно возило „Фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот З.Д. од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „Фиат“, З.Р.(53) од Прилеп.

Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола каде му била укажана лекарка помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.