18.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џафери “распали” по Мицевски: Проблемот со името „ВМРО“ решавајте го на суд

Претседателот на Собранието, Талат Џафери му рече на координарот на пратеничката група, Никола Мицевски, проблемот со новата пратеничка група околу употребата на партиското име да го решаваат на суд.

„За името не е надлежно Собранието, ќе го решавате проблемот на суд“, рече Џафери и додаде дека пратениците според деловникот имаат право да формираат пратенички групи.

Претходно, Мицевски побара од Џафери да не им се допушта на пратениците кои беа исклучени од ВМРО-ДПММЕ да ги користат симболот и името на партијата.

„Ве замолуваме господине Џафери колегите да ги ословувате како Независна пратеничка група, затоа што власта не може да си нарача опозиција и да дебатира со нив. Би ве замолил да се држите до тоа колегите да бидат ословувани како независни пратеници без некоја задна намера.“ претходно побара Мицевски.

Во Собранието денеска продолжи дебатата за уставните амандмани.