23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белата куќа: Трамп имаше неформален разговор со Путин

Американскиот претседател, Доналд Трамп одржа неформален разговор со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Според неа, двајца претседатели зборувале за време на вечерата на самитот на Г-20 во Буенос Аирес, објави АП.

Пред инцидентот во теснецот Керч се планираше состанок меѓу двајцата лидери. Но откако Русија заплени три украински брода, кој според нив нелегално навлегле во руските териоторијални води и во притвор задржа неколку украински морнари, Трамп го откажа состанокот со неговиот руски колега.