13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Наскоро ќе се дознае како избегал Никола Груевски – Премиерот Зоран Заев најави откривање на деталите за бегството

Ги знам сите детали, целосно сум информиран. Кога ќе дојде време, јас и министерот Спасовски, ќе ги кажеме сите детали од истрагата и за делот на внатрешната истрага на МВР и за делот на Јавното обвинителство. Законите во Македонија налагаат дека кога имате налог од Јавното обвинителство истрагата треба да заврши и потоа да бидат соопштени резултатите и ние тоа ќе го почитуваме, изјави премиерот Зоран Заев за текот на истрагата околу бегството на поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Унгарија, откако требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казна.

Истрагата се однесува на прашањето кој и како му помогнал да ја напушти територијата на Република Македонија.