17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Највисокото девојче во светот има 11 години и е високо 210 см

Кинезинката Џанг Зиу има 11 години и е висока 210 сантиметри. Се верува дека таа е највисокото девојче во светот.

Нејзините родители се поранешни професионални кошаркари и двајцата се повисоки од два метра. Џанг во прво одделение била висока 160 сантиметри. Уште сега ја нарекуваат женски Јао Минг. Јао Минг е кинески професионален кошаркар и е висок 2,29 метри. Но ако продолжи да расте, таа може да биде повисока и од него.

Како и нејзините родители, Џанг Зиу е многу талентирана кошаркарка.

Во моментов, според Гинисовата книга на рекорди, највисокото девојче во светот е Софи Холинс (12) од Англија. Таа е висока 188 сантиметри. Не е познато дали родителите ќе ја номинираат Џанг. За разлика од момчето Зеј Keј, исто така, од Кина, кој има 11 години и е висок 206 сантиметри, Занг вели дека никој не ја задева поради висината и дека другите соученици се горди на неа.

Спонзорирано: