13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Марин ле Пен да ги врати парите“ – судот ја отфрли жалбата

Општиот суд во рамки на Европската Унија ја поддржа одлуката на Унијата поранешната пратеничка на Европскиот парламент да ги врати парите.

Претходно беше утврдено дека француската политичарка во 2011 години ангажирала телохранител на договор од три месеци како локален асистент, за месечна плата во износ од 9 000 евра. Европската служба за сузбивање измами покрена истрага во 2014 година за овие исплати и заклучи дека ЕП треба да ги добие парите назад, пренесе „Ројтерс“.

Генералниот секретар на ЕП рече дека повеќе од 41.000 евра биле исплатени во тој период и сумата треба да се надомести. Ле Пен се жалеше на одлуката пред Општиот суд во ЕУ, втор највисок суд во Унијата, повикувајќи се на фактичка грешка.

Судот ја отфрли жалбата. Следно, Ле Пен ќе може да поднесе жалба пред Европскиот суд за правда.

Спонзорирано: