15.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Редици на бензинските низ Македонија – се точи гориво по најниска цена на балканот

Поевтинувањето на горивата ги наполни бензинските вечерва, откако граѓаните можат да користат најниски цени на гориво на Балканот.

Бензините од полноќ поевтинија за 4 денари, а дизелот за 3,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС 95 се точи за 63, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 65 а Дизелот за 61 денар по литар.