25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се подготвувал за во затвор, купувал работи, а ги информирал и своите пријатели дека се спрема за во Шутка – Протекоа нови детали за бегството на Никола Груевски

Бегството го планирал во неколку фази, дури купувал неопходни работи за во затвор, а според информации кои ги има Алсат М телевизија поранешниот премиер Никола Груевски дури се поздравил со своите роднини и соработници.

Сево ова, според телевизијата требало да создаде впечаток дека тој секако ќе оди во келијата.

На денот на бегството, според нивните информации, вечерта, наводно, со неговиот автомобил излегол да се вози низ главниот град.

Информациите не се потврдени од официјални лица. Инаку за овој случај во тек е истрага, по која ќе се знаат точните детали за бегството на Груевски.

Во изминатиот период голем број на медиуми излегоа со разни информации за тоа како побегнал Груевски, но засега се знае дека тој ја поминал албанската граница и заминал кон Црна Гора, а потоа преку српската граница влегол во Србија од каде што заминал во Унгарија.