18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
БИЗНИС

Илјадници денари ќе легнат на сметките на вработените во приватни компании – што треба да очекувате до 31. декември 2018?

Регрес за годишен одмор работодавачот треба да им исплати на сите работници кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година, а ако не го стори тоа, може да се соочи со санкции.

Согласно законот Регресот за годишен одмор или К-15, и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанство.

Износот на К-15 зависи од висината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните 3 месеци пред датумот на исплата. Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40% од висината на просечната бруто плата.

Согласно најновите пресметки вработените во следните три месеци на своите сметки треба да очекуваат минимум 9.665 денари, а максимум до 14.190 денари.