17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шпанија ќе гласа против декларацијата за брегзит, пишуваат светските медиуми

Шпанија ќе гласа против актуелната нацрт-декларација за бгерзит, пишуваат светските медиуми повикувајќи се на информации на шпански дипломатски извор.

Ваквата одлука, според истиот извор, е поради недоволната јасност на контроверзната британска прекуморска територија Гибралтар.

Шпанија сака во текстот на нацрт-декларацијата јасно да се стави до знаење дека прашањето за полуостровот на југот од шпанското копно треба да се договари билатерално помеѓу Шпанија и Велика Британија, додава изворот, пренесува „Ројтерс“.