14.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Повредено 11-годишно девојче во сообраќајна несреќа

Вчера, малку по 16 часот, на крстосницата од улицата Кемал Сејфула и улицата Крсте Асенов се случила сообраќајна несреќа.

Како што информираат од полицијата, патничко возило „опел aстра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 55-годишен скопјанец, удрило во 11-годишно девојче.

Девојчето, поради добиените повреди, е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот, соопштија од полицијата.