10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Наместо на голем одмор, заврши во смрт: Почина момчето што беше прегазено на пешачки премин

Почина 15 годишниот средношколец од Штип. Наместо да оди во училиште и да му се радува на новата школска година, младото момче беше прегазено на пешачки премин на булеварот “Гоце Делчев” во Штип.

Ужасниот настан се случил на 9-ти ноември на булеварот во Штип.

Неофицијално момчето за време на големиот одмор преминувало булевар заедно со средношколци, но додека возилата од десната страна ги пропуштале возилата, едно возило управувано од 68 годишен возач не сопрело и го удрило момчето, по што го влечело речиси 15-тина метри.

15 годишното моче Мустафа Седат почина во Клиничкиот центар во Скопје по борбата што ја водеше во изминатите 12 дена.