25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груевски му се јавил на Вучиќ, еве што му рекол

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за телевизија Хепи, рекол дека порано со Никола Груевски често имал контакти и дека поранешниот премиер на Македонија телефонски го контактирал кога биле инцидентите во Собранието.

Вучиќ тврди дека Груевски го повикал за да ја смири состојбата и тој (Претседателот Вучиќ) да повика на мир затоа што луѓето му верувале.

-Овие денови не сум се чул ниту со него (Груевски) ниту со неговите луѓе. Со Заев воспоставив нормални односи и Србија нема лоши односи со Македонија. Тие ни се еден од најблиските народи и добри односи допрва ќе имаме, изјави Вучиќ во интервју за српската ТВ Хепи, каде го откри целиот пат на бегањето на Груевски кој според него почнал на македонско-албанската граница ноќта сабота кон недела. Вучиќ тврди дека и тогаш Груевски бил во придружба на двајца Унгарци, иако унгарските власти негираат дека го изнеле екс премиерот од Македонија.

Вучиќ исто така рече дека во тој момент додека Груевски бил во Србија, по експремиерот не била распишана потерница, па затоа не бил уапсен.