21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКИЗБОР

„Мекдоналдс“ одушеви со својата божикна реклама

„Мекдоналдс“ ја објави својата годинешна божикна реклама, која на социјалните мрежи добива само пофалби.

Рекламата во која Дедо Мраз влегува во „Мекдоналдс“ за да земе моркови за своите ирваси бидејќи цела ноќ разнесувале подароци, ги одушеви луѓето од целиот свет.

Овој синџир за брза храна во светот не е познат по зеленчукот како што е морковот, но во последно време сакаат да ја променат претставата за себе како синџир што продава брза храна и судејќи според коментарите на социјалните мрежи, Дедо Мраз и неговите ирваси може да бидат добар начин да се направи голем чекор кон малку позелена претстава за нив во јавноста.

„Ова е мојата омилена божикна реклама оваа година“, „Божикната реклама на ‘Мекдоналдс’ е една од најдобрите што сум ги видел“, „’Мекдоналдс’, ја освоивте титулата најдобра божикна реклама за оваа година“,„Никогаш не мислев дека ќе го кажам ова, но ‘Мекдоналдс’ има најдобра новогодишна реклама оваа година“, се само некои од пофалните коментари.