24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Фејсбук“ прави напредок во борбата против говорот на омраза

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека прави напредок во откривањето на говор на омраза, графичко насилство и други облици на кршење на правилата на социјалната мрежа, дури и пред корисниците да ги забележат и пријават ваквите содржини.

Во извештајот за спроведувањето на стандардите на компанијата, од „Фејсбук“ велат дека во периодот од април до септември двојно се зголемило проактивното откривање на говор на омраза, во споредба со претходните шест месеци.

Исто така, се истакнува дека деактивирани се повеќе од 1,5 милијарди лажни наводи во изминатите шест месеци, во споредба со 1,3 милијарди во претходното полугодие.

Повеќето лажни наводи биле финансиски мотивирани, а не поради дезинформации, објави агенцијата АП.

Фејсбук има околу 2,3 милијарди корисници ширум светот.