14.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел и Макрон толку добро се согласуваат што 101-годишна жена мислеше дека се пар

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Емануел Макрон, толку добро се согласуваа во Париз што една 101-годишна жена помисли дека се брачен пар.

Настанот се случи за време на комеморацијата од Првата светска војна, што се одржа викендов во Париз. Една 100-годишна жена најпрвин се поздрави со Макрон, а потоа во возбуда се сврте кон германската канцеларка Ангела Меркел ословувајќи ја како госпоѓа Макрон.

„Г. Макрон, тоа не е можно, мала жена како мене да се ракува со претседателот на Републиката. Тоа е фантастично“, му рече 101-годишната жена на Макрон. Возбудена жена потоа се сврте кон Меркел, веројатно најмоќната жена во светот.

„Вие сте мадам Макрон“, ѝ рече таа на 64-годишната Меркел мислејќи дека станува збор за сопругата на Макрон, Брижит Макрон, која е на слична возраст со Меркел, односно има 65 години.

На тоа Меркел, со германски акцент, неколкупати повтори на француски јазик: „Јас сум германскиот канцелар“.

„Тоа е фантастично“, ѝ одговори 100-годишната дама.