14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Исчезната тинејџерка пронајдена по трагите кои ги оставала

Татко и син пронашле девојка што се загубила во шумски предел близу градот Хејден, САД, благодарение на знакот „помош“ (HELP), што таа го напишала на патеката по која се движела.

Кетрин Огл (19), која на Фејсбук страницата на локалната полиција беше опишана како личност „со умствени способности на 10-12-годишно девојче“, била најдена еден ден по нејзиното исчезнување, благодарение на својата присебност и досетливост.

Заслужни за тоа се Крис Трамбич и неговиот посинок Рајл, кои всушност тргнале во лов, па случајно ја пронашле девојката.