19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Уапсен поранешен шеф на полицијата во Перу поради трговија со бебиња

Поранешниот шеф на полицијата во главниот град на Перу, Лима, Раул Бејкер, беше уапсен под обвинение дека бил вклучен во синџирот на трговија со бебиња во земјата, објавија официјалните претставници.

Обвинителството соопшти дека тој е еден од 15-те осомничени за продажба на бебиња и деца, кои им биле одзимани на сиромашните жени во земјата.

Меѓу уапсените во индустрискиот град Арекипа, кој се наоѓа на околу 900 километри од Лима, има и гинеколози и педијатри.

Според полицискиот генерал Волтер Ортица, водачот на синџирот на трговијата со бебиња и деца е Синти Тејо, партнерка на поранешниот шеф на полицијата.

Во текот на полициската акција, покрај апсењето и претресот извршени во 18 куќи, исто така беше спасено и едно петмесечно бебе.

Спонзорирано: