22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Хиперпродукцијата на лаги ја покажува спрегата на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ

Секојдневните лаги изнесени од антизападното и антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја покажуваат спрегата помеѓу актуелното антизападно раководство на опозициската партија со одредени веб-портали што секојдневно пласираат лажни вести, се наведува во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Хиперпродукција на лажни вести од страна на антизападното раководство ја профилира ВМРО-ДПМНЕ како лидер во лажење и пласирање лажни вести. Иако лажната вест веднаш аргументирано беше демантирана и од самата компанија СЕКЕ, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски, четврти ден лаже и конструира непостоечки случај. Нема никаква поврзаност со споменатиот бизнисмен, ниту компанијата, ниту Владата. Наместо да измислуваат непостоечки случаи, наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто имаат против нови и зголемени странски инвестиции во Македонија?“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Од партијата посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да сфати дека со измислици не може да се покрие фактот дека антизападниот пион Мицкоски преку шемите со неговиот ментор Груевски добил 33 илјади метри квадратни државно земјиште за хидроцентрали, стои во соопштението.

Спонзорирано: