14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин и Трамп ќе разговараат во движење

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, ќе се сретнат и ќе разговараат во движење во Париз бидејќи форматот на свеченоста посветена на завршувањето на Првата светска војна нема да овозможи детален состанок, изјавил портпаролот на Кремељ, Дмитри Песков.

„Тие сигурно ќе се сретнат“, рекол Песко, откако американскиот претседател претходно рекол дека е малку веројатно дека ќе се сретне со Путин на прославата на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна во Париз.

Песков објаснил дека во Париз нема да има вистински состанок.

„Навистина, ситуацијата малку се промени. Повеќестраниот формат на настаните во чест на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна не дозволува двајцата претседатели да одржат детален состанок“, рекол Песков.

Поради тоа, било одлучено Путин и Трамп да разговараат во движење и да се договорат за идниот вистински состанок.

Трамп претходно изјави дека не е сигурен дали ќе се сретне до Путин најавувајќи ја нивната средба на самитот на Г-20 до крајот на годината во Аргентина.